МАГИЈАТА НА МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР
Дарко Стефановски, Државен секретар за култура
Ми претставува особена чест и задоволство што вечерва, овде во Културно – информативниот центар во Скопје ја одбележуваме 25-тата јубилејна изложба на Малиот Битолски Монмартр, манифестацијата која го збогати градот на конзулите со уште еден епитет – светски ликовен културен центар и ја прослави Македонија и познатото битолско маало на сите меридијани.
Нашата држава, речиси три децении, преку ова најголема ликовн аработилница е вистински полигон, на кој младите уметници ги презентираат своите креативни потенцијали и афинитети, спротиставувајЌи му се на светот на возрасните. Децата, со својата непосредност, ни ги откриваат своите емоции и својот идиличен свет, во кој нема недоразбирања и конфликти. Малиот Битолски Монмартр е вистински празник на уметноста и младоста.
Оваа детска ликовна колонија за прв пат се реализираше во 1982 г. во организација на Детското ликовно студио “Св.Кирил и Методиј” – Битола. Низ годините манифестацијата го доби и својот меѓународен предзнак, а ова 2010, од 23 мај, со истата страст, желба и ентузијазам како и на почетокот, ќе ги обедини младите креативни потенцијали од целиот свет.
Почитувани,
Вечерва околу нас се наградените творби на деца од 30 земји, кои се резултат од вложената енергија на овие најмлади ликовни амбасадори. Пред нас се нивните импресии од уникатните градби во Битола, Охрид и Крушево.
Со задоволство, во ова прилика би сакал да ја подвлечам поддршката која Министерството за култура ја дава за активностите во рамките на ова манифестација. Наша обврска е да го трасираме патот токму на најмладите, кои во иднина Ќе бидат најдостојни репресент на државите од кои доаѓаат.
Децата се наше најголемо богатство. Најдолгиот и често најважниот пат кој секој од нас во текот на животот треба да го помине е патот до срцето на детето. Затоа вечерва да се обидеме да ја препознаеме пораката која преку своите цртежи ни ја упатуваат младите ликовни уметници, кои секогаш ја зборуваат вистината. Да го почитуваме нивниот авторитет.
НЕДЕЛЕН ВЕСНИК "ГЛОБУС"
