Почеток
Корисни линкови
Контакт информации
Новости
За нас
Историја
Награди
Мултимедија
Активности
HyperLink
 
Доколку сакате да се пријавите на годинешниот конкурс на „Малиот битолски Монмартр“ кликнете овде и пополнете го формуларот.
 
Внесете ја Вашата e-mail адреса за да се зачлените во нашиот електронски информатор  
 

Направено од СЕМОС МУЛТИМЕДИА
ТРИ ИЗЛОЖБИ ЗА ГИНИС
Детското ликовно студио - Битола располага со огромен фонд на детски цртежи, кој сега изнесува близу 450.000 творби, а чии автори се млади ликовни таленти од целиот свет. Со цел на љубителите на ликовната уметност да им прикаже дел од ова огромно ликовно богатство, Студиото досега има отворено две гигантски изложби - изложби кои си изборија место во светски познатата Гинисова книга на рекорди.

Првата Гинисова изложба беше отворена кон крајот на 1995 година, во Завод и Музеј - Битола. На изложбата беа поместени вкупно 11.058 цртежи, сите жирирани од страна на меѓународното стручно жири на “Малиот битолски Монмартр”. Изложбата беше отворена повеќе од два месеци и беше масовно посетена. Изложбата беше тешка преку 1.500 килограми, а долга над 800 метри.
Наредната 1996 г. беше отворена и втората Гинисова изложба на Студиото. Изложбата  беше отворена во Музејот на град Скопје. На изложбата се поместени 10.000 творби.
Третата Гинисова изложба Студиото ја отвори во Белград, во 1997 година. Изложбата беше отворена во Музејот за применета уметност, а беа изложени 3.500 творби.
Со овие гигантски изложби Студиото  отвори нова страница во Гинисовата книга на рекорди.

Кон врвот