Почеток
Корисни линкови
Контакт информации
Новости
За нас
Историја
Награди
Мултимедија
Активности
HyperLink
 
Доколку сакате да се пријавите на годинешниот конкурс на „Малиот битолски Монмартр“ кликнете овде и пополнете го формуларот.
 
Внесете ја Вашата e-mail адреса за да се зачлените во нашиот електронски информатор  
 

Направено од СЕМОС МУЛТИМЕДИА
СО  ЦРТЕЖИ  ЗА  МИРОТ  -  ДО  НАГРАДА  НА  НАТО

Во најкрупните успеси на Студиото се вбројува освојувањето на првата награда на меѓународниот ликовен конкурс “За побезбеден свет”, Што во организација на  НАТО алијансата се одржа во Прага (Чешка). Наградата му припадна на тогаш 14-годишниот Стефан Поповски, член на Студиото.
Високото признание, првата награда на НАТО, на Стефан Поповски, кој беше придружуван од својот ментор Коста Хаџи Антоновски,  му беше  врачена на посебна свеченост, што се одржа на 29 ноември 2003 г. во Кабинетот на тогашниот претседател на Република Македонија, г. Борис Трајковски. Во присуство на голем број истакнати личности, наградата на Стефан му ја врачија лордот Џорџ Робертсон, генерален секретар на НАТО, и г. Борис Трајковски, тогашен претседател на Република Македонија. Наградата се состоеше од специјална диплома, потпишана од Робертсон и полн пакет со подароци.

Кон врвот