Почеток
Корисни линкови
Контакт информации
Новости
За нас
Историја
Награди
Мултимедија
Активности
HyperLink
 
Доколку сакате да се пријавите на годинешниот конкурс на „Малиот битолски Монмартр“ кликнете овде и пополнете го формуларот.
 
Внесете ја Вашата e-mail адреса за да се зачлените во нашиот електронски информатор  
 

Направено од СЕМОС МУЛТИМЕДИА

Детското ликовно студио е организатор на „Малиот битолски Монмартр“ на меѓународната изложба на детски цртежи „Битола“, ликовните каравани, летните ликовни школи и работилници. Тоа исто така е познато и по своите постигнати успеси тука и надвор, но и по своите разновидни хуманитарни и додатни активности.

Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј” - Битола е формирано на 6 октомври 1981 година, по иницијатива на тогашниот Републички комитет за култура и образование. Основната цел на Студиото беше и натаму останува да ги опфаќа и доизградува младите ликовни таленти од битолските основни училишта и предучилишни установи. Членувањето во Студиото е бесплатно, а тоа се врши по пат на конкурс Што се распишува во почетокот на учебната година. Во просек, Студиото го посетуваат по 50 деца на возраст од 5 до 14 години.

Почетокот со работа на Студиото беше повеќе од скромен. Студиото не располагаше ниту со соодветни простории, ниту пак со потребните средства за набавка на ликовен материјал. Но, со голем ентузијазам проблемите се разрешуваа. Преломна година за Студиото беше 1987-та, кога тоа доби посебна зграда на трајно користење. Зградата  беше прилично запуштена, но сега таа е вистинска убавица и украс на Старата битолска чаршија. Зградата е на три ката и располага со детска ликовна галерија и два ликовни салони од кои едниот се користи за работа на членовите на Студиото. Во изложбените простории на Детската ликовна галерија има постојани постановки од прилично богатата колекција на Студиото на тема “Старата македонска архитектура”. Овие простори се користат и за одржување на други културни манифестации: литературни читања, музички приредби, детски ликовни изложби, изложби на истакнати ликовни уметници и сл.

ПОЗНАЧАЈНИ  УСПЕСИ НА  СТУДИОТО

Детското ликовно студио од година во година ја прошируваше својата дејност и постигнуваше се покрупни успеси во својата благородна работа. Далеку најголем успех на Студиото претставува организирањето на меѓународниот фестивал “Мал битолски Монмартр” и неговите придружни манифестации: меѓународната изложба на детски цртежи “Битола”, ликовните каравани, летните ликовни Школи и др.

Членовите на Студиото редовно и со голем успех учествуваат на речиси сите позначајни светски ликовни манифестации. Вредни награди и признанија ( златни, сребрени и бронзени медали, специјални награди, дипломи и сл.) Студиото има освоено разни награди и признанија  во: Токио (Јапонија) 87 медали, Народна Република Кина 6 медали, Република Кина - Тајван 25 награди, Евора (Португалија) 30 награди, Загреб (Хрватска) 3 медали, Големков (Полска) 4 медали, Техеран (Иран) 20 награди, Троа (Франција) 6 награди,Чехочинек (Полска) 4 медали, Занка (Унгарија) 5 медали, Москва (Русија) 3 награди….

Во текот на изминатите 25 години низ ликовната Школа на Студиото поминале  преку 1.500 деца. На неколкумина од нив ликовната уметност им станала животна професија, станале академски сликари, а меѓу нив има и голем број  дипломирани инженери, лекари, професори, архитекти...

 
ХУМАНИТАРНИ  АКТИВНОСТИ НА  СТУДИОТО

Подарени преку 700 слики

Во текот на изминатите 2,5 децении Детското ликовно студио има развиено богата хуманитарна активност, Што се состоеше од подарување на слики од своите богати колекции, на детски здравствени клиники, училишта, установи, претпријатија, поединци... Досега Студиото од своите колекции “Бисерите на Малиот битолски Монмартр” и “Пелистерска рапсодија” има подарено преку 700 дела.Голем број слики Студиото има подарено на странски делегации и амбасадори кои гостувале во Битола, на значајни личности (државници, научници, писатели, спортисти и сл.) од Битола и Република Македонија. Со оваа благородна мисија Студиото Ќе продолжи и во наредниот период.

ДОДАТНИ  АКТИВНОСТИ  НА СТУДИОТО

Новогодишни и коледарски свечености

Покрај својата редовна дејност - работа со младите битолски ликовни таленти, Детското ликовно студио во изминатите две и пол децении има развиено и други, додатни активности.

По повод Новата година, Студиото неколку пати ја организира манифестацијата “Дедо Мраз во Старата битолска чаршија”. Манифестацијата се одржуваше на платото пред Детската ликовна галерија, во присуство на 3-4 илјади граѓани, кои на манифестацијата редовно доаѓаа со своите деца.На манифестациите редовно присуствуваше и Дедо Мраз, кој од балконот на Детската ликовна галерија ја испраќаше новогодишната порака, а на децата им делеше подароци Што ги обезбедуваше Студиото.

Детското ликовно студио свечено и во духот на православните верски обичаи го одбележува и големиот верски празник Коледе.Првиот коледарски оган Студиото го запали во далечната 1989 година. Тоа беше смел потфат, зашто во тој период се уште постоеше еднопартискиот, комунистички систем.Коледарскиот оган, по традиција, го палеше истакнат занаетчија од Старата битолска чаршија. Крај коледарскиот оган на повозрасните битолчани им се делеше бесплатно топла ракија, а на децата им се делеа гурабивчиња, балони, бонбони, чоколади и други подароци Што ги обезбедуваше Студиото.Коледарските традиции Студиото Ќе ги негува со љубов и во наредниот период.

Уредување на старата битолска чаршија

Детското ликовно студио има дадено голем придонес во облагородувањето и уредувањето на Старата битолска чаршија која се вбројува во најпознатите културно-историски споменици во Битола и надалеку е позната по својата убавина.Најпрво Студиото го уреди платото пред Детската ликовна галерија, а кое се наоѓа во срцето на Старата чаршија. На овој простор во текот на 1992 година, Студиото, со помошна своите спонзори, изгради чешма-фонтана, со три отвори од кои, на општо задоволство на граѓаните и на дуќанџиите од чаршијата, непрестано течи бистра пелистерска вода. Околу фонтаната се поставени и три клупи кои служат за одмор на сите посетители на чаршијата.

На вака уреденото плато е поставен јарбол висок 10 метри, а кој се користи за разни свечености, а најчесто при свеченото отворање на "Малиот битолски Монмартр".
По инцијатива на Студиото во Старата битолска чаршија се изградени уште две чешми.Далеку најубавиот украс на Старата битолска чаршија е муралот "Будење", дело на учесниците на Летната ликовна Школа на Битолскиот Монмартр.

Активностите на Студиото за уредување на чаршијата се еднодушно прифатени од граѓаните, па затоа тие Ќе продолжат и во наредниот период. 

Богат и репрезентативен пропаганден материјал

Уште од самиот почеток со работа, па досега, Студиото изработува богат и репрезентативен пропаганден материјал. Така, за секој Фестивал “Мал битолски Монмартр” се изготвуваат: брошура за меѓународниот конкурс “Битола”, покана во колор, плакат во боја, каталог, билтен со повеќе колор фотографии... Сите ученици и ликовни педагози - учесници на Фестивалот добиваат комплетна работна облека (капи, маици и торбички), како и пенкала, приврзоци, лепенки и сл.

Репрезентативен пропаганден материјал се подготвува и за сите изложби со кои Студиото се претставува во земјата и во странство. Ваквото претставување има одиграно значајна улога во афирмацијата на “Малиот битолски Монмартр” во целиот свет.За “Малиот битолски Монмартр” се снимени и три документарни филмови: во 1986 година Македонската радио-телевизија - редакција на турски јазик за Битолската манифестација сними документарен филм во траење од 30 минути. Филм во траење од 30 минути, сними и ТВ “Орбис” - Битола. Третиот филм го сними Детското ликовно студио, по повод 15-годиШниот јубилеј на “Малиот битолски Монмартр”. Филмот трае 1,5 час.

Битолскиот монмартр и медиумите

Детското ликовно студио има воспоставено плодна соработка со средствата за информирање. За бројните и разновидни активности, како и за многуте успеси на Студиото и на "Малиот битолски Монмартр" афирмативни написи редовно се објавувани како во печатените, така и во електронските медиуми.

Покрај во домашните медиуми, написи за битолската манифестации се објавувани во сите земји-учеснички на "Малиот битолски Монмартр". За најпознатата детска ликовна манифестација во светот - Битолскиот Монмартр е снимен еден документарен филм, повеќе специјални ТВ и радио емисии, во весниците ширум Европа и светот се објавени илјадници написи. За популарноста на Битолскиот Монмартр придонес има и пребогатиот и репрезентативен пропаганден материјал, Што секоја година го изготвува и го дели организаторот Детското ликовно студио: плакати, билтени, каталози, маици, капи, приврзоци со симболите на "Малиот битолски Монмартр".

Кон врвот